И во ова 4. коло од Супер ракометната лига на Македонија продолжува двојната ракометна програма во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола.
Најпрво во 16,30 часот ќе се одигра првиот ракометен натпревар помеѓу екипите на Еурофарм Работник и Струга, во која домашната екипа е фаворит и се очекува лесно да дојде до четвртата победа и да остане лидер на табелата.
Во редовниот ракометен саботен термин во “Боро Чурлевски“ во 18,30 часот, екипата на Пелистер ја пречекува екипата на Борец и “пелистерци“ се надеваат на победа, втора по ред оваа сезона. По оставката на Томче Петрески, Пелистер се уште нема ангажирано нов тренер, а екипата ќе ја водат неговите помошници.






