Еурофарм Работник – Струга 34:16 (15:12)
Ракометарите на Еурофарм Работник, во рамките на 4. коло од Супер ракометната лига, ја забележаа четвртата по ред подеба. Овој пат на домашен терен во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола, за победија екипата на Струга, со резултат 34:16, полувреме 15:12.
Иако резултатот во првото полувреме не беше изразен во корист на “фармацевтите“ сепак на теренот екипта на Еурофарм не дозволи во ниту еден момент да биде доведена победата во прашање.
По четири кола екипата на Еурофарм Работник е првопласирана со максимални 12 бода од четири победи.






