Press "Enter" to skip to content

Управниот одбор на ЈП “Стрежево“ ја избра м-р Вера Бешлиевска за в.д. директор, прва жена на оваа функција

На денешната седница на Управниот одбор на јавното претпријатие “Стрежево“ од Битола за вршител на должноста директор ја избра м-р Вера Бешлиевска, а за в.д заменик на директорот Сирија Рашиди.

-Благодарност за дадената доверба од страна на Владата и Управниот одбор. Ќе дадам максимум од себе, да ја оправдам довербата и професионално да одговорам на овој голем предизвик, кој што е особена чест за мене, рече директорката Бешлиевска и додаде:

-Како прва жена директор во постоењето на Стрежево основна заложба ми е имплементација на владините водостопански политики, доследност, отченост и подобрување во работењето во сите сегменти на делување на Стрежево, а се со цел да пружиме квалитетни и навремени услуги на граѓаните. Потребно е Стрежево да испорача брзи резултати, но секако тоа ќе се постигне со многу работа, преземање на конкретни мерки и соодветни чекори кон успешна реализација на потребните проекти, заедно со вработените.

More from ВестиMore posts in Вести »