Викендов кој измина се одиграа редовните кола во фудбалските натпревари во општинските “А“ и “Б“ лиги кои ги организира Општинскиот фудбалски сојуз од Битола.
Дербито во “Б“ лигата се одигра на стадионот во Горно Оризари, а победник беше екипата на Јенимале, а домашните навивачи на почетокот на второто полуврема направија и мало пиротехничко шоу.
Според комесарот за организација на општинските лиги, Златко Ралевски, сите натпревари се одиграле според плавилата за натпревари, а водечки екипи се Лисолај во “А“ лигата и битолската екипа Јенимале во “Б“ лигата.
Резултати општинска “А“ фудбалска лига
Лисолај – Победа (И) 1:0
Чагор – Стрела 0:3
Карамани – Новаци 3:6
Пелагонија (Л) – Олдбојс 1:3
Светлост – Доск 2:0
Буково – Партизан 6:0
КСК – Космос 2:3
Поешево – Црна Река 4:4
————————————————–
Во општинската “Б“ лига се одигра 5. коло, а лидер на табелата по победата над екипата на Младост од Горно Оризари е битолската екипа Јенимале која има 15 бода од победи и е единствена екипа без пораз во лигата.
Дали по овој одличен старт на Јенимале амбиците се „А“ лига не кажуваат, а велат дека само сакаат со добри резултати да го одбележат јубилет 10 години постоење на клубот.
Резултати општинска “А“ фудбалска лига
Хајдук – Еленик 2:1
Младост (ГО) – Јенимале 0:3
Пелагонија (Т) – Пелагонија 5:0
Напредок – Пелагонија (БК) 5:2
Пелистер (ТМ) – Младост (Д) 1:1






