Press "Enter" to skip to content

Борче Костов Жолтио – ја освои големата награда на град Скопје во ендуро

Битолскиот морокросист, Борче Костов  – Жолтио е победник и на последната ендуро трка која се возеше на патеката “Стенковец“, а беше под покровителство на Град Скопје, во ендуро, во класата МХ3 – ветерани.

Ендуро трката беше во организација на мото клубот “Александар“ и мото клубот “Мотори” од Скопје, а под покровителство на Мотоциклистичката федерација на Македонија и Град Скопје.

За тоа како помина трката во класата ендуро на патеката кај Стенковец, Костов, кратко вели:

-Беше малку нервозно за мене бидејќи за прв пат се натпреварував со моторциклот по големиот ремонт, но веднаш по стартот се виде дека ремонтот е одлично направен и стигнав до првото место.

Викендов се вози уште една мото-трка, овој пат во мото-крос, а за очекувањата Костов вели:

-Утре е слободен ден и ќе тренирам бидејќи, како што реков поради ремонтот на моторциклот одложив некои тренинзи, но мислам дека во недела големиот пехар ќе биде кај мене во категоријата МХ3.

More from СпортMore posts in Спорт »