Денес, четврток, 19 септември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени врнежи од дожд. Температурата во Битола до 22 степени.
Утре, петок, 20 септември, во Битола времето ќе биде променливо облачно со пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурата во Битола до 22 степени.