Press "Enter" to skip to content

Моќните жени на „Манаки“ Битола : Ме порасна самохрана мајка која ме научи да не се откажувам од своите соништа

Секогаш кога зборуваме за жени кинематограферки, режисерки, се наметнува прашањето за мајчинството, како и за тоа, како успеваме да се грижиме за домот и за семејството. Но, каде се мажите во оваа приказна, одговорноста за сето ова ја имаат и тие. Ова беше нотирано на денешниот настан „Моќните жени на Манаки“ кој се одржа во Кино Манаки во Битола , а на кој зборуваа жени кинематограферки од различни земји. Инспиративни животни приказни споделија Алис Брукс, Ненси Шрајбер, Агнешка Селига, Клери Пиџман, Брижит Гудјонсдотир, Кристина Новак, Тереза Медина и Уна Менгес.-Моето семејство беше многу сиромашно. Кога бев млада имав две нешта за кои сонував, едниот – да станам кинематограферка и ми се исполни, пораснав на сет. Другиот сон ми беше да имам дете, сакав да бидам мајка. Имам ќерка која е радоста на мојот живот и која сега секаде доаѓа со мене. Работете за да ви се остварат соништата, кажа Алис Брукс.  Ненси Шрајбер рече дека е дипломиран психолог, но дека не сакала да го работи тоа.

-Почнав да работам како електричар на сет, работев со режисерот, а не знаев ништо во врска со тоа. Не е лесно за жените во тој свет. Но, благодарна сум што почнав како електричар, за подоцна да можам да изучувам филм, и еве ме овде после повеќе декади, и денеска се радувам кога снимам филм, кажа Шрајбер.Aгнешка Селига и Тереза Медина истакнаа дека морале да бидат креативни во професионалнот живот, кој им бил исполнет со мажи. Им порача на младите секогаш да веруваат во себе и да не престануваат да сонуваат. Клери Пиџман кажа дека таа избрала школа за филм иако нејзините родители биле доктори.

-Најпрво почнав да асистирам на сетови. Се прашував, како да почнам да снимам кога ова е машка професија. Со позајмени пари го направив мојот прв филм. Не жалам за ништо и се уште сакам да работам кинематографија, кажа таа.За родителите на Кристина Новак, школото за филм било шега, со оглед на фактот дека тие биле сосема нешто друго по професија.

-Сите ние имаме различни приказни, но имаме иста енергија со која се почитуваме. Ние сме како како семејство“, кажа Новак.Кинематограферката Брижит Гудјонсдотир сподели дека била одгледана од самохрана мајка.

-Мајка ми работеше од утро до мрак. Таа ми беше пример и личност чии вредности ги следев низ животот. Подоцна и јас станав мајка, па ја носев и мојата ќерка на сетови. Почнав да работам како асистент во оваа индустрија. Кога видов дека Ненси Шрајбер е кинематограферка, потоа Алис, си реков, кога можат тие жени да го работат ова и да прават прекрасни филмови, можам и јас, кажа Брижит.

Уна Менгес сакала првично да работи како ветеринарка, но подоцна имала прилика да работи на филм, од каде почнала нејзината професионална приказна.-Знаете, кога треба да преживеете и да се грижите за ваше дете, ќе работите крваво за да успеете. Кога и да имам тешки моменти во животот или на сет, се потсетувам дека токму тоа ме расте и созрева и затоа сум благодарна за тоа, кажа Менгес.

Некои од кинематограферките зборуваа и за менталното здравје, а неколкумина од нив работат и друга работа како план Б, во случај да немаат работа на филмски проекти. Така, Брижит рече дека е фриленс наставничка која го работи тоа кога не снима.

-Најстресен период ми e кога немам работа меѓу филмови. Знаете, треба да јадеме и да плаќаме сметки секој ден. Имаме група за поддршка на менталното здравје, вежбам јога и наоѓам други начини да се справам со стресот, кажа Медина.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »