Press "Enter" to skip to content

Со победа стартуваа кошаркарките на Пелистер

Крива Паланка – Пелистер 66:69

Женскиот кошаркарски клуб Пелистер, кој е составен од кошаркарки од клубовите Младост, Петровски и Јуниор го одиграа првиот натпревар во Првата женска лига на гости во Крива Паланка.

Во првото коло тие победија со резултат 69:66, и со тоа најавија успешна сезона.

-Ова е прв натпревар кој ги одигравме со комбиниран состав од трите клубови и можам да кажам дека заслужено девојките ги носат бодовите во Битола. Имаме добра екипа која се уште ќе се надоградува и ќе носи бодови, вели тренерот Горјан Стојановски.

За екипата на Пелистер настапија: А. Стојановска 3, Лозановска 2, Кулевска, Дракуловска 1, С. Стојановска 16, Трајчевска, Ставревска, А. Ивановска, Мемедова 30, Талевска 1, К. Ивановска 4, Велковиќ 12.

Во идното коло, екипата на Пелистер на 20 октомври ја пречекува екипата на Трокал.

More from СпортMore posts in Спорт »