Press "Enter" to skip to content

Кобна сообраќајна несреќа: загинаа докторите Ристески и Василески и радиолошкиот технолог Јованоска од болницата “Плодност“ Битола

Во кобнатра соораќајна несреќа која утрово се случи на патот Прилеп-Битола во која загинаа тројца медицински лица од битолската болница „Плодност“, а тоа се примариус д-р Александар Ристески, врвниот македонски радиолог, спец. гинеколог д-р Никола Василески и радиолошкиот технолог Фанче Јованоска. 

Официјално СВР Битола соопшти:

-На 03.10.2024 во 07.51 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп – Битола кај клучката Лагово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота” со прилепски регистарски ознаки управувано од Н.В. (42) од Прилеп и сопатници А.Р и Ф.Ј., сите од Прилеп и товарно возило „волво” со скопски регистарски ознаки управувано од Г.Р.(51) од Битола. Во несреќата патничкото возило се запалило и на лице место починале тројцата патници во истото. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп . Увидот го врши јавен обвинител и полициски службеници од ОВР Прилеп.

Од болница “Плодност“ се огласија по веста за кобната сообраќајна несреќа и напишаа:

-Со длабока болка, тага и неизмерна жалост, ја примивме веста за тешката загуба на нашиот медицински персонал, кој денес загина во сообраќајна несреќа. Прим. д-р Александар Ристески, врвниот македонски радиолог, спец. гинеколог д-р Никола Василески и радиолошкиот технолог Фанче Јованоска, ги загубија животите во тешката сообраќајна несреќа утринава, доаѓајќи на своите работни места од Прилеп.

Менаџерскиот тим и целиот персонал на Болница Плодност со неверување во текот на денот ја примија веста и со длабока тага им изразуваат почит на прерано загинатите колеги.

-Изразуваме длабоко сочувство до семејства на нашите колеги, за прераната загуба на нивните членови на семејствата. Секој од нив имаше свое посебно место во нашата болница и во нашите срца. Прим. д-р Александар Ристески беше врвен бренд во македонската радиологија, но и во светски рамки. Неговата десна рака и соработник, радиолошкиот технолог Фанче Јованоска, беше неизоставен дел од Одделот за рентген дијагностика. Спец. гинеколог д-р Никола Василески долги години беше дел од гинеколошкиот тим на доктори во нашата болница.

На достоен начин, болница “Плодност“ секогаш ќе ги памети нивните дела, но и нивните насмевки, топли зборови и секогаш отворени срца за пациентите и за колегите. Нивниот придонес ќе биде вечно запаметен и врежан во историјата на македонската медицина, но најмногу во аналите на историјата на Болница Плодност“, рече прим. д-р Таше Трпчевски, менаџер и сопственик на Болница Плодност.

Со соодветен комеморативен настан, Болница Плодност ќе им оддаде почит на трагично загинатите колеги.

Колегите на социјалните мрежи се простуваат од врвните лекари кои работеа во болницата „Плодност“ во Битола. 
More from ВестиMore posts in Вести »