Викендов се одржа мото-крос трка од шампионатот на Македонија, во организација на Мото федерацијата на Македонија, на која супериорни во сите категории беа мото-кросистите од Битола.
Иако битолските мото-кросисти визат за различни клубови надвор од Битола, сепак тие докажаа дека Битола се уште е центар за мото-крос.
Во категоријаат МХ3, , ветерани, победник беше битолчанецот, Зоран Каранфиловски – Ќаме, а второ пласиран беше Борче Костов – Жолтио. На четвртото место се пласира Борис Мојсов. Тројцата се возачи на мото-клубот Ноќни Волци од Скопје.
Во категоријата МХ2 победник беше битолчанецот Христијан Станковиќ, кој се натпреварува за мото-клубот Ендуро од Скопје.
Во категоријата МХ1 второ пласиран беше нашиот сограѓанин, Михаил Бајовски.
Во класата опен, прво место освои уште еден битолчанец, а тоа е Павел Иванов од мото-клубот Хамачи Екстрим.

Битолските мотокросисти супериорни на патеката “Орман“ (фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Кадетките на Пелистер Волеј вицешампионки на Македонија
- Пелистер во 92. минута освои бод за опстанок кај Работнички!
- Денес Пелистер во 14,30 ќе “брка “пет од пет“ во плеј-офот
- Екипата на ЕСЗ победник на меморијалниот турнир посветен на загинатите бранители (фотогалерија)
- Пелистер го победи МЗТ сред Аеродром, го симна од првото место и закажа полуфинале со нив





