Press "Enter" to skip to content

Проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска нов претседател на МНД Битола (фото)

Во просториите на Националната установа универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа Изборно собрание на Македонското научно друштво, МНД Битола на кое како нов претседател едногласно беше избрана проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска.Во присуство на ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и поранешен претседател на МНД, проф. д-р Игор Неделковски, проректорот проф. д-р Јове Д. Талевски, проректорката проф. д-р Јасмина Буневска Талевска, претходните претседатели на МНД-Битола проф д-р Борис Ангелков, проф. д-р  Марјан Танушевски и голем број на професори и членови на Друштвото.

Досегашната претседателка, проф. д-р Невена Груевска, го презентираше извештајот за реализираните активности на Друштвото во нејзиниот мандатен период (2022-2024 година) при што особено ја истакна соработката на МНД со УКЛО, во рамките на Европската универзитетска алијанса КОЛОРС.Свое обраќање имаше и ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски кој кажа дека хронолошки Друштвото е формирано пред Универзитетот, односно во 1960 година и дека во таа смисла тоа е предок за кој Универзитетот треба да се грижи и тоа преку соработка и поддршка.

По формирањето на телата со кои работеа проф. д-р Борис Ангелков, д-р Никола Главинче и проф. д-р Ице Илијевски започна изборното собрание на кое прво престедателката, д-р Невена Груевска, даде извештај за работењето на МНД Битола во изминатот двегодишен мандат, кога на присутите им се обрати и ректорот на УКЛО- Битола проф. д-р Игор Неделковски, поранешен претседател на МНД Битола, кој се осврна на почетоците на основањето на МНД и Универзитетот во Битола како и на вклучувањето на МНД-Битола како асоцијативен партнер во COLOURS мрежата.Потоа со јавно гласање, едногласно за нов претседател на МНД-Битола за наредните две години беше избрана д-р Даниела Андоновска-Трајковска, редовен професор на Педагошки факултет при УКЛО- Битола.  Проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, долгогодишен активен член на Друштвото и редовен професор на Педагошки факулет – Битола. Во својата кандидатура проф. д-р Андоновска-Трајковска нагласи дека Друштвото има долга и богата традиција од 64 години и дека истата треба да се негува и одржува и дека сето тоа ќе се постигне со соработка и придонес од страна на сите членови на Друштвото.Членовите на изборното Собрание на МНД-Битола, исто така едногласно изгласаа во наредниот двегодишен период, функцијата потпретседател на МНД- Битола да ја врши проф. д-р Силвана Нешковска, член на одделението за лингвистика и литература.

Со одлука на членовите на Собранието на МНД-Битола, избрани се и другите раководни тела: нов состав на Управен одбор, Уредувачки Совет, Надзорен одбор и Етичка комисија.Управен одбор: проф. д-р Мимоза Јовановска Богдановска (Одделение за општествени науки), проф. д-р Ангелина Стојановска (Одделение за правни науки), проф. д-р Наташа Табаковска (Одделение за технички науки), проф. д-р Весна Карапетровска (Одделение за природни науки), д-р Татјана Струмениковска-Ристевска (Одделение за применети науки и медицина), Панде Петровски (Одделение за уметност), Весна Мундишевска Велјановска (Одделение за лингвистика) и м-р Стефан Караџовски (Одделение за историско-географски науки).

Уредувачки совет: проф. д-р Моника Ангеловска Дичовска (претседател), проф. д-р Билјана Цветкова Димов, проф. д-р Невена Груевска,проф. д-р Гордана Стојаноска и д-р Весна Калпаковска.Надзорен одбор:  д-р Гоце Марковски, д-р Никола Главинче и проф. д-р Марија Котевска-Димовска

Етичка комисија: проф. д-р Валентина Гулевска, проф. д-р Филип Поповски и м-р Николче Трајчевски.