Press "Enter" to skip to content

Започна “Политичка академија 2024“ во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Битола (фотогалерија)

Вечерва во “Кино Манаки“ во Битола започна со работа “Политичка академија 2024“ во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ при ОК Битола, академија каде младите ќе стекнат многу нови знаења и вештини за многу различни теми поврзани со политиката, на која присуствуваа голем број на млади. Примарна цел на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од  ОК Битола е да се вложува во младите, да се поттикнат во нивното развивање на многу полиња.Покрај младите присутни беа градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, пратеникот во македонскиот парламент и  претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола – Пеце Милевски, претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ – Сергеј Попов, претсефателот на УМС Битола – Мартин Ивановски, поранешни претседатели на УМС на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, предводници на партиските тела…Присутните на отворањето на Академијата ги поздрави градоначалникот на Битола – Тони Коњановски кој рече:-Искажувам голема благодарност за УМС Битола за можноста вечерва да бидам со вас, младите нашето богаство и иднина, а ова го кажауваме лажна скомност, со лидерите на младите од Битола и Македонија. Младите се силата и иднината и моторот на државата, а ни сме тука со вас да ви покажеме некои работи со кои треба да е соочите во иднина. Ние треба да бидеме заедно со вас и да застанеме цврсто зад сите ваши одлуки и за вас да постоиме. Општина Битола има голем број на активности кои се насочени кон младите за младинскиот активизам, а сигурен сум дека како никогаш до сега во делот на средсвата и работите сме светол пример како се почитуваат младите. Дел од проврамите посвеени за младите е јавниот повик за младинските организации кои се занимаат со активизмот на младите, е основа кој дава мотив за младите. Ќе го споменам и отворањето на младинскиот центар, каде се развива младинската активност, воспоствена е летна пракса заедно со УКЛО Битола каде 35 млади се дел од доброволната летна пракса и да примаат надомест, формирам е локален младински совет, тука е проектот на УНДП со поопширна активност со цел младите да го искористат потенцијалот и во иднина да работат за градот… тука е прирачникот за поголема вклученост на младите во локалната самоуправа… и други проекти. Само ќе додадам дека вратите на локалната самоуправа секогаш се отворени за вас, младите на Битола, а ние само со вас ќе ја смениме сликата за нашиот град.За оваа идеја и реализација на политичката академија, Мартив Ивановски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ при ОК Битола, на отворањето, откако ги поздрави присутните рече:-Сакам прво да се заблагодарам на сите млади лица кои се приклучија на оваа политичка академија да се надоградуваат со нови вештини, кои ќе им овозможат личен напредок и развој. Оваа година имаме квалитетна програма, ќе имаме квалитетни предавачи од кои кои многу ќе научите, да се запознаете со многу актуелни теми. Што се однесува пак до годинашната политичка академија ќе започнеме уште денес со предавањето на историчарите Александар Јаневски и Горан Талевски. Ќе се разговара за основањето на ВМРО, а оваа кадемија ја поврзуваме со овој светол ден на Организацијата. Во модулите ќе се зборува за младинските политики, одржлив развој, младите и дигиталната трансформација, младите и финансиската писменост, развивање на демографските промени, младите и младинските претплиемливост, младите и спортските успеси, меѓународната политика и за локалната самоуправа, извршната и законодавната власт. Сите предавачи ќе пренесат дел од политиката за сите млади кои се гледаат како дел од политиката во наредните викенди.Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, и пратеник рече:-УМС на ВМРО-ДПМНЕ е  најдобро и различно од сите подмласови на сите политички партии, а доказ е тоа што еден локачен огранок на УМС во Битола е способен да организира настан на ова ниво. На оваа пполитичка академија присутна ќе биде половина од владата на Република Македонија. Со половина од министрите ќе имате можност да поминете по неколку часа со секој од нив, а ќе имате прилика да учите од најдобрите во своите области. Многи ми драго што оваа академија прераснува во традиција. Ако денот по утрото се познава, младите добија партнер во Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Јас како предводник на младината на ВМРО-ДПМНЕ и како пратеник ќе се борам за подобрување на стандардот на младите. Во првите 100 дена од новата Влада предводена од премиерот Христијан Мицкоски се решија повеќе проблеми и прашања за младите луѓе, за разлика од претходните 7 години власт на СДСМ. Вработување на 600 млади специјализанти, 250 евра субвенција од државата за сите студенти за купување на електронски уред, отворање на фонд од 10 милиони евра за поддршка на бизниси за млади лица до 29 години до 30 илјади евра, 18.5 милиони евра за реконструкција на студентски домови. Ќе додадам уште дека во ВМРО-ДПМНЕ има двајца пратеници од УМС, а тоа го нема во другите партии.Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола и преатеник во парламентот, Пеце Милевски и поранешен претседател на УМС во Битола рече:-Сакам да му се заблагодарам на луѓето кои ја започнаа оваа идеја, го отворија патот на политичките академии во Битола, а дел од нив се тука во публиката, а секако и за можноста да бидам дел од ова Академија. Сметам дека тука има повеќе интелект, повеќе знаење, иднина од она што го имаме од другата страна на политичкото делување. Сметам дека УМС Битола уште еднаш покажува друг начин на функционирање, размена на искуства. Тука како беше споменато, половина влада ќе ја имате, и уште би упатил покана до сите млади за да бидеш дел и да управуваш со процесите кои го водат животот е сериозна обврска и токму затоа за сите да бидеме дел од процесите треба да бидеме дел од политичкото и општественото делување. Токму затоа сакам да упатам покана кин сите млади луѓе од Битола и битолско се уште има време да бидат дел од оваа политичка академија, и немора да бидат членови на ВМРО-ДПМНЕ, доколку политички не се определени ќе имаат можност со членови на Извршната власт да разменат искуства и да слушнат од прва рака што значи да се раководи со државата. Ќе ја продолжиме политката која ја започнавме во изминатите четири месеци, а добрата работа придонесе рејтингот се уште да расте, и сите се однесуваме како што треба, и како граѓаните очекуваат, а ние нема да дозволиме да правиме непотребни грешки.На првиот модул кој започна после свеченото отворање зборуваа историчарите Александар Јаневски и Горан Талевски на “Надежта е сон на будните“.

-Ми претставува особена чест да зборувам и младите да научат дел од историјата и нашето минато. Во 19. век Македонсците биле бидни, а многумина не би сакале да зборуваме и да заборавиме на сопственото минато, да не зборуваме за големината на Алекдандар Македонски, за осветената татковина на Апостол Павле, за македонската обединета дрѓава на Цар Самоил, за државата на крал Марко, за илјадниците страдалници кои со својот живот го поплочувале патот до денешната слобода, но нема да дозволиме да ги заборавиме. Денес кога имаме слободна Македонска држава ќе се потсетиме на се она пто некои сакаат да го заборавиме, рече Александар Јаневски.-Академијата ќе трае до 24 ноември. Ќе има десет модули, на кои ќе предаваат дваесетина предавачи. Примарна цел е дружењето и поврзувањето на повеќе млади, позитивни, воспитани и пред се добри луѓе, а потоа на ред ќе дојде политиката, рече на крај Ивановски.

Текст и фото: С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »