Press "Enter" to skip to content

“ЕСМ Молика“ ја подготвува ски-патеката “Копанки“ за оваа скијачка сезона

“ЕСМ Молика“ Битола информираме дека подготвителните активности во ски-центарот Копанки во пресрет на зимската сезона, се во завршна фаза. Тимот на “ЕСМ Молика“ Битола кој е задолжен за одржување на овој капацитет, целосно ги реализира плановите за чистење и адаптација на патеките, со што се создадени предуслови за безбедно скијање и успешна ски сезона.-Покрај косењето на тревата на ски-патеката “Копанки“, превземаме и низа други активности за подобрување на условите за почеток на зимската сезона. Најпрво започнавме со чистење на камењата од стазата, потоа проверка на ски-лифтот и промена на гуми и лежишта од страна на екипата задолжена за одржување на ски-центарот Копанки поддржана од страна на стручниот тим на АД ЕСМ – РЕК Битола и ФОД ДООЕЛ Битола, за извршување на електро – машински ремонти, информираат од “ЕСМ Молика“.Во претстојниот период ќе се извршат и други зафати, следно е бојадисување и средување на корпите од жичарницата на ски-патеката “Копанки“.

More from ВестиMore posts in Вести »