-Покрај наградата за животно дело беа Општина Битола доделени и наградите за едногодишни остварувања.
Вечерва на Свечена академија која се одржа во Големата сала на Центарот за култура во Битола, пред голем број на битолчани и гостите од збратимените градови беа доделни наградите “4-ти Ноември“ по повод Денот на ослободувањето на Битола.Наградата за животно дело му беше врачена на Борис Чоревски. Борис Чоревски (75) во својата кариера одиграл над 150 улоги, меѓу кои и Осман бег во „Македонска крвава свадба“, Барон Михаузен во „Минхаузан“, Јордан во „Печалбари“, а како што изјави претходно за МИА, за свој возбудлив почеток го смета настапот на Стериино позорје во Нови Сад кога во 1978 година битолскиот театар ја изведе претставата „Време за пеење“ од Петре М. Андреевски во режија на Слободан Унковски.
Награди за едногодишни остварувања добија Факултетот за информатички комуникации и технологии од Битола, компанијата “Сајтиро“ од Битола, Биљана Стојановска – Ѓуриќ, Вања Атанасовски и Бранисла Ангеловски.
Во име на наградените се заблагодари Борис Чоревски, и пред присутните прочита песна од негов пријател посветена за некогашниот Пекмез пазар, кој се наоѓаше кај Саат кулата во Битола, срушени после Втората светска војна.
Пред доделување осврт имаше Тони Коњановски – градоначаник на Битола за тоа што тој и неговиот тим го сработиле во оваа измината година.
Фото: Дамијана Ристевска