Универзитетот “Св. Климент Охридски“ Битола во својство на домаќин ја организира втората панел дискусија во рамки на Катедрата Аденауер 2024, организирана од Фондацијата Конрад Аденауер, Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел, во соработка со Академијата за Европски интеграции од Скопје, на тема: „Проширувањето и Западниот Балкан – Предизвици и можности“.
На настанот учествуваше и ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски кој посочи дека:
“Како домаќини може да кажеме дека ние како Универзитет не чекаме ЕУ да се прошири кон земјите од Западен Балкан, туку ние веќе сме дел од ЕУ, бидејќи сме член на Европска универзитетска алијанса КОЛОРС, финансирана од Европската комисија“.
Меѓу панелистите на настанот е Викторија Трајков, заменик министерка за европски прашања.
Таа нагласи дека новата Влада е посветена на реформите и се труди Европа да ја донесе во земјата.
Дека Панел дискусијата е во насока на покренување на интересот за проширувањето на ЕУ и реформите што нашата земја треба да ги направи, посочија меѓу другото и Васко Наумовски, професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје и проректорот за наука на УКЛО проф. д-р Горан Илиќ од УКЛО.
Проректорот Илиќ воедно, од име на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола потенцира дека на овој начин се детектираат сите пречки кои ги има Западниот Балкан во однос на политиката на проширување на ЕУ.
Панел дискусијата се одржа во Офицерскиот дом во Битола и покрај Викторија Трајков, Васко Наумовски и Горан Илиќ, излагања имаа и академски кадри од УКЛО меѓу кои, професорката Елена Тиловска-Кечеџи, од Правниот факултет – Кичево и гостите, Кирил Миноски, поранешен министер за финансии, и Александар Спасеновски, од Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.
Катедрата Аденауер претставува научно – образовна платформа на која студенти, експерти, претставници на академската заедница и носители на политички функции дискутираат и ги споделуваат своите гледишта околу актуелни теми од областа на Европската Унија, генералните предизвици со кои се соочува европскиот континент и теми поврзани со проширувањето на ЕУ и регионот на Западен Балкан.

Катедрата Аденауер 2024 одржана на УКЛО – Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Уште 1.700 рачни бомби и тромблонски мини пронадени и отстранети на Тумбекафе во Битола
- “Секој е шампион“ – секој заслужува можност да учествува, да се дружи, да победува и да биде прифатен
- СВР Битола: пријава за вознемирување по телефон и социјални мрежи, физички напад, приведување за нарушување на ред и мир
- Во Битола свечено отворена 9. меѓународна научна конференција “Towards a Better Future“
- „Barcelona“ ќе одекне во Филхармонија: Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует на „Flowers Symphony 2“





