Денес во Битола на локација во старата Касарна, на улица “Партизанска“ започна изградбата на нова станбена зграда, која ќе ја реализира АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката.
На поставувањето на камен темелникот на оваа нова зграда присуствуваше министерот за транспорт – Александар Николоски, директорот на АД за станен и деловен простор – Марјан Стефановски, градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, пратеникот – Пеце Милевски…
-Инвестираме 10 милиони евра во Битола оваа година за да го развиеме градот, инфраструктурно да го подобриме и да создадеме услови младите да останат во Битола, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешната работна посета во општина Битола. Со оваа инвестиција ќе го регулираме пазарот на недвижности и ќе понудиме многу реални цени на становите. Моментално цената на квадратот во Битола, Охрид, Скопје се многу високи. И со ова зграда можам да најавам дека ќе понудиме за најмалку 30 до 40 проценти пониска цена од онаа што е моментално на пазарот. Ќе ставиме крај на уцените на градежниците и ова е само почеток. Во следната година ќе го развиваме и проектот Купи куќа за млади и ушпте многу други проекти од станбената политика, истакна министерот Николоски.
Директорот на АД за станен и деловен простор истакна дека зградата ќе биде завршена до август 2026 година.
-Зградата е со вкупно 65 станови, со 11 деловни простори, со 100 паркинг места, со површибна од 3.900 метри квадратни, инвестиција од 209 милиони денари. Се трудиме да бидеме регулатор на пазарот за станови и ќе ја намалиме цената за квадрат на подрачјето на Битола. Градбата ќе трае 20 месеци, започната е во август оваа година, а ќе биде готова во август 2026 година и ќе биде во функција.
За градоначалникот на општина Битола овие проеки се многу значајни за економскиот и урбан развој на општината. Тој потенцираше дека со финаниската подршка од Владата, од вкупно 15 прифатени проекти, дури 13 се преку Mинистерството за транспорт.
-Сакам да оскажам благодарност бидејќи по 12 години се реализира еден проект кој бил во програма за изведба сега почнува да се реализира. Искажувам благодарност кон министерот кој ја дава поддршката за Битола, а ние на повикот на Владата за инфраструктура конкуриравеме со 16 проекти, од кои 13 се преку министерството за транспорти и врски и ги потпишавме договорите, така да Битола и во нареднат година ќе биде градилиште, тоа граѓаните го очекуваат и се навикна на тоа од нас. Ќе има и нови проекти, а во моментов се изведуваат проекти со ова министерство, а Битола тоа го заслужува. Битола има побарувачка од станови, а станови купуваат и од други општини.
Министерот Николоски заборуваше и за тоа што е изградено и реконтруирано во Битола:
–Завршена е реконструкција на 7 улици во населба Недопирливи, во тек е реконструкција на ул. Индустриска околу 700 илјади евра. Денеска се избира изведувач за реконструкција на водоводна и канализациона мрежа на 4 улици, ул. „11 Март“, ул. „Панде Николов“, ул. „Козара“ и ул. „Чеде Филиповски во вредност од 200 илјади евра, а кои се проектите за идната година додаде:
–Сo одлука на Влада на Битола и се доделени 2,7 милиони евра за оваа година, следната ќе бидат двојно. Исто така се реконструира влезот на Битола околу 2 милиони евра, оваа комерцијална зграда која чини околу 3,5 милиони евра. И со сите овие проекти придонесуваме за економски развој на градот, стимулирање на економијата и отворање на нови работни места.

Поставен камен темелник на нова зграда со која ќе падне цената на становите во Битола до 40 проценти (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Уште 1.700 рачни бомби и тромблонски мини пронадени и отстранети на Тумбекафе во Битола
- “Секој е шампион“ – секој заслужува можност да учествува, да се дружи, да победува и да биде прифатен
- СВР Битола: пријава за вознемирување по телефон и социјални мрежи, физички напад, приведување за нарушување на ред и мир
- Во Битола свечено отворена 9. меѓународна научна конференција “Towards a Better Future“
- „Barcelona“ ќе одекне во Филхармонија: Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует на „Flowers Symphony 2“





