Денес во 11 часот, како и што беше најавено, свечено беше отворен “BLISS Mall“, капитален објект кој е новина не само за Битола туку и за целиот регион, а уште од првите часови на отворањето предизвика голем интерес кај битолчани и жителите на околните градови.
“BLISS Mall“ и “Retail Park“ се наоѓа кај кружниот тек кај Дулието во Битола, и во преубавиот уреден простор се брендовите, подготвени со своите продажни простори.
Бројните ексклузивни продавници на светските и домашните брендови, како и многу други забавни содржини за сите возраст овој центар сега, веќе е посакувана дестинација не само за граѓаните од регионот на Македонија каде што гравитираат во Битола, туку и за нашите соседи и за туристите што се на пропатување.
“BLISS Mall“ и “Retail Park“ и има одлично партерното уредување и фасада, а битолчани кои беа денес на првиот ден од работата имаа само пофални зборови за првиот и вториот кат кои денес беа свечено отворени.
Тука се сместени големиот салон за мебел, бутици за облека, козметика, храна, ресторани, игротека, кафулина. Претходно, во почетокот на авгсут, беше отворен “Retail Park“ каде веќе три месеци работат модни урбани брендови, спортски брендови, голем супермаркет, продавница за бела техника.
Тука се брендовите “Prima mebel“, “Comodita“, “De Facto“, “Mobi strk“, “Office plus“, “Ciel fashion“, “Locoo Crocco“, “De Niro“, “Bulevar“, “Marieli“…
Наскоро е најавено отворање на кафуле на познатиот бренд за кафетерии “Mikel“, гиро “Lolos“ од Лерин, “Aurum“, “My Time“ и други.
Текст и фото: Дамијана Ристевска






