Иако денес е неработен ден поради државен празник, во спортската сала “Боро Чурлевски“ се работи турбо на сите страни. Екипите веќе го поставија специјалниот под на кој ќе се игра натпреварот Македонија – Турција, а друга екипа веќе го полира и подготвува за лепење на официјалните ЕХФ знаци и реклами кои ќе се најдат таму.
Веќе се поставени и дел од рекламните паноа на компаниите кои се спонзори на репрезентацијата и битолските компании кои се помагатели на овој репрезентативен натпрева. Тука се големите реклами на ЕЛЕМ, “Водовод, “Комуналец“…
Се дотеруваат и делегатската канцеларија и прес-центарот, а претходно се реановираа и соблекувалните, а сето тоа беше иницијатива на битолските ракометни судии, кои сега се вклучени во организацијата на овој натпревар.
Исто така се работи и на уредување на службениот влез во спортската сала “Боро Чурлевски“ се со цел двете репрезентации, службените лица и гостите да имаат одлични услови за играње.
Да потсетиме натпреварот Македонија и Турција, кој ќе се игра во рамки на квалификациите за Европското првенство во 2020 година, ќе започне четврток во 20,15 часот. Битола ќе биде домаќин на репрезентацијата, а последен пат во градот гостуваше БиХ за истите квалификации во 2005 година.
Двете репрезентации ќе бидат во Битола утре, а единствен проблем имаат битолските навивачи кои бараат влезница повеќе.

Неработен ден, но во спортската сала се работи турбо за утрешните тренинзи на двете селекции (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Големо светско признание за Ѓуро Илиќ од Битола во Јапонија промовиран за носител на мајсторски, црвен, појас 10 дан
- Фудбалерите на Пелистер го победија Охрид како домаќини во Новаци, сега се првопласирани
- Победи во гости на двете екипи на Еурофарм Пелистер од Битола
- КК Пелистер започна со продажба на сезонски влезници
- Куманово победник на 1. турнир во Битола “Зоран Петковски – Петкото“, Пелистер четврто пласиран (фотогалерија)





