Press "Enter" to skip to content

Сонот за Париз – остварен (фото)

Во периодот од  24 до 29 октомври, 17 ученици од Француската Алијанса од Битола на возраст од 12 до 14 години ја реализраа својата дамнешна желба., отпатуваа во   Париз, градот на светлината.И, во вистинска смисла на зборот ги посетија сите негови најпознати знаменитости. Се шетаа низ прекрасните париски квартови – Латинскиот, квартот Маре,Монмартр,имаа променада на авенијата Шанзелизе,  прошетки во парковите, градините, го посетија Лувр,Богородичната црква, Центарот Помпиду, се качија на Ајфеловата кула, крстареа по реката Сена и, секако, го посетија незаобиколниот Дизниленд.

А следеше и посета на Фондацијата Француска Алијанса во Париз, седиштето на нивната школа за француски во Битола  каде  од мали нозе го изучуваат францускиот јазик. Па токму затоа, со  него, сосема слободно,  можеа да комуницираат и да се послужат низ париските улици и знаменитости.Патуваа и  сонуваа, сонуваа и патуваа, интензивни пет дена во градот на нивните соништа !

Слики во прилог што  вредат многу, многу  зборови!

More from ВестиMore posts in Вести »