Press "Enter" to skip to content

Во Српските гробишта во Битола одбележан денот на примирјето во Првата светска војна

Денес земјите победнички во Првата светска војна го одбележуваат Денот на Помирување. Потпишувањето на примирје се случи во железничкиот вагон во Франкпорт во близина на Компијења, Франција и стапи на сила во 11 часот на 11. 11.1918 година, со што се окончаа борбите во Првата светска војна која беше една од најразорните која ја имаше светот до тогаш видено.По повод 106 години, од пробивањето на Солунскиот фронт, на српските воени гробишта со положување на свежо цвеќе, Градоначалникот Тони Коњановски изрази чест и можност заедно со високи претставници на Република Србија – државниот секретар Зоран Антиќ, потпретседателот на Владата Иван Стоилковиќ, амбасадорката на Република Србија Невена Јовановиќ, пратеници од собранието на Република Македонија, претставници на Заедницата на Срби во Македонија, заедно да одадат почит на паднатите борци од Солунскиот фронт и сите жртви кои страдале за време на Првата светска војна од овој регион.

More from ВестиMore posts in Вести »