Press "Enter" to skip to content

Работен состанок за делување на зимската служба

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски одржа работна средба со претставниците на зимската служба, со цел координирање на активностите за навремено организирање на Програмата за зимска служба на подрачјето на Општина Битола за сезона 2024 – 2025 година.

На работниот состанок на кој присуствуваа сите релевантни претставници, претставници на општинските јавни претпријатија, Македонија пат, Стрежево, како и  МВР, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување. Градоначалникот Коњановски ја истакна важноста од непречено и ефикасно спроведување на предвидените активности преку целосно навремено организирање и функционирање на зимската служба.

На денешната средба се истакна важноста од превземање на мерките и активностите за превентивно делување, одржување на редовни состаноци од страна на координативното тело за да се овозможи непречено делување на зимската служба на подрачјето на Општина Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »