Вратите на спортската сала “Боро Чурлевски” за натпреварот Македонија-Турција ќе бидеат отворени во 18:00 часот, а ќе бидат затворени половина час пред почетокот на натпреварот во 19,45 часот.
Ракометната федерација на Македонија, која е организатор на овој меѓународен ракометен натпревар, по одржаните состаноци и консултации со МВР, а во согласност со правилниците на ЕХФ, соопштува дека ќе биде забрането секакво внесување на недозволиви средства од типот на: запалки, метални пари, шишиња со вода – сок или било какви алкохолни производи.
Ракометната федерација на Македонија ја известува македонската спортска јавност дека билети за престојниот натпревар против Турција на големо разочарување нема повеќе.






