Факултетот за безбедност во Скопје беше домаќин на интересен рекреативен настан за студентите и вработените на Универзитетот “Св. Климент Охридки“ од Битола . Должината на патеката што ја истрчаа учесниците изнесуваше околу 3 км. и сите успешно ја завршија. Покрај студенти, на спортската манифестација учествуваа актуелни и поранешни академски кадри, што на рекреативниот настан му даде една посебност.
Од УКЛО и од Факултетот за безбедност во Скопје се нагласува уште една својственост на настанот на којшто можеше да се пријават сите членови од академската заедница на Универзитетот, особено што трката беше организирана со професионална опрема, соодветна за ваков настан.
Рангирањето на учесниците беше поделено во машка и во женска конкуренција, а по завршувањето на трката, тројцата најдобропласирани во двете конкуренции се закитија со дипломи и пригодни награди. Покрај официјалниот дел, во дворот на Факултетот беше одржан музички дел, во кој студените имаа можност да се опуштат и забавуваат.
Универзитетската трка 2024 се одржа под боите на европската Алијанса КОЛОРС како дополнителна вредност и квалитет, со што се промовира местото и грижата за студентите на УКЛО, како најзначаен дел од академската заедница.
УКЛО планира овој спортски настан да прерасне во традициционален и секоја наредна година да се зголемува понудата на атлетски дисциплини што ќе се одржуваат на спортските терени во кампусот на Факултетот за безбедност во Скопје.

УКЛО Битола ја организира универзитетската трка 2024 (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Уште 1.700 рачни бомби и тромблонски мини пронадени и отстранети на Тумбекафе во Битола
- “Секој е шампион“ – секој заслужува можност да учествува, да се дружи, да победува и да биде прифатен
- СВР Битола: пријава за вознемирување по телефон и социјални мрежи, физички напад, приведување за нарушување на ред и мир
- Во Битола свечено отворена 9. меѓународна научна конференција “Towards a Better Future“
- „Barcelona“ ќе одекне во Филхармонија: Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует на „Flowers Symphony 2“





