Лајонс клуб Кабадаја од Битола се приклучи во одбележувањето на Светскиот ден за борба против дијабетес. На Плоштад “Магнолија“ кај Магазата, организирано беше бесплатно мерење на шеќер во крвта за стотина наши сограѓани, а лекари делеа совети за превенција и справување со оваа болест.
Исто така, вечерва ЛК Кабадаја и Општина Битола го осветлија во сино еден од најважните културно-историско споменици на градот Битола – Саат кулата. Целта на ова е да се подигне свеста за болеста дијабетес и за нејзиното спречување.
Светскиот ден на дијабетесот беше создаден во 1991 година од страна на Интернационалната федерација за дијабетес и Светската здравствена организација како одговор на зголемената загриженост од ескалацијата и заканата по здравјето што ја предизвикува дијабетесот.
Светскиот ден на дијабетисот стана официјален ден на Обединетите нации во 2006 година со усвојувањето на Резолуцијата 61/225 на Обединетите нации и се одбележува секоја година на 14 ноември, роденденот на Сер Фредерик Бантинг, кој ко-открил инсулин со Чарлс Бест во 1922 година.

Лајонс клуб Кабадаја од Битола го одбележа на Светскиот ден за борба против дијабетесот
More from ВестиMore posts in Вести »
- Уште 1.700 рачни бомби и тромблонски мини пронадени и отстранети на Тумбекафе во Битола
- “Секој е шампион“ – секој заслужува можност да учествува, да се дружи, да победува и да биде прифатен
- СВР Битола: пријава за вознемирување по телефон и социјални мрежи, физички напад, приведување за нарушување на ред и мир
- Во Битола свечено отворена 9. меѓународна научна конференција “Towards a Better Future“
- „Barcelona“ ќе одекне во Филхармонија: Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует на „Flowers Symphony 2“





