Press "Enter" to skip to content

Коњановски на увид на градежните работи на “Копанки“, им се враќа на битолчани култното место на Пелистер

Тони Коњановски, градоначалникот на Битола, денеска изврши увид во градежните активности на планинарскиот дом Копанки, кој влегува во завршна фаза на обновување, заедно со секретарот, директорот на “ЕСМ Молика“ и претседателот на ПСК Пелистер.По извршениот увид Коњановски вели:-Извршивме увид во градежните активности на планинарскиот дом “Копанки“ кои влегуваат во финалната фаза. Во моментот се привршуваат активностите за заокружување на карабината со покрив. Во следните две недели ќе продолжи поставување на лим на кровот и ѕидањето на страничните калкани. Следна фаза е застаклување и внатрешно уредување на објектот кое се очекува да биде завршено до крајот на идното лето.-Битола се гради повеќе од секогаш, а една од најзначајните активности е и обновување на планинарскиот дом “Копанки“, култно место за битолчани кое го реализиравме заедно со ПСК Пелистер од Битола, додава Коњановски.

More from ВестиMore posts in Вести »