Денес, понеделник, 18 ноември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде со магла или ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.
Утре, вторник, 19 ноември, во Битола времето ќе биде наутро студено со појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Температурата во Битола до 11 степени.






