Со решение на градоначалникот на Општина Битола,а по претходно распишан оглас за директор, Горан Талевски од денес е новиот директор на средното медицинско училиште во Битола, со четиригодишен мандат.
Талевски е магистер по историски науки. Вработен е во училиштето од 2010 година како професор по историја и има 16 години работно искуство во образовниот сектор.
Во текот на својот професионален работен ангажман се усовршувал и учествувал на голем број меѓународни научни конференции, симпозиуми, семинари и проекти од областа на историјата и културното наследство во земјава и во странство и е автор на голем број научни трудови.






