Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: битолчанка измамена за 10.000 евра, битолчанец измамен за 1 милион денари, уапсени петмина за марихуана, опожарен “опел“

На 18.11.2024 во 13.45 часот во СВР Битола, 60 – годишна жена од Битола пријавилa дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 евра. Според пријавеното, пред околу четири месеци на фејсбук стапила во контакт со лицето, кое се претставило дека е со македонско потекло, дека е вработен во армијата на САД, а моментално на мисија во Сирија и дека сака да ја прекине мисијата. Како што е пријавено, лицето ја известило дека мора да уплати 10.000 евра доколку сака да ја прекине мисијата и побарало од неа да ги пушти парите на лице во Турција преку брз трансфер на пари затоа што додека бил на мисија немал пристап до неговата банкарска сметка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На  18.11.2024 во 15.00 часот во СВР Битола, 36 – годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лица за сума од околу 1.000.000 денари. Според пријавеното, од 03.09.2024 до пријавувањето имал комуникација со лицето преку различни телефонски броеви, при што бил упатуван во повеќе наврати да внесува парични средства во неговиот виртуелен паричник, при што во наведениот период преку една  платформа внел околу 1.000.000 денари, кои веќе ги немало на неговата сметка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 18.11.2024 во 18.00 часот на ул.„Чеде Филиповски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода пет лица, четворица од Битола на возраст од 27, 29, 30 и 27 години  и 33 годишник од село Слоешница, демирхисарско, затоа што при преглед кај нив, кај едното од нив била пронајдена и одземена марихуана. Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 18.11.2024 во 19.12 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Црвени стени” во Битола, настанал пожар во паркирано патничко возило „опел” со битолски регистарски ознаки, сопственост на 34 годишник од Битола. Пожарот го изгаснал сопственикот, а повредени лица нема. Увид извршила екипа на СВР Битола.

На 18.10.2024  во 21.35часот во СВР  Битола, Р.Б. (57) од Битола пријавил дека на ул.„Партизанска” во Битола бил каснат од куче скитник.

 

More from ВестиMore posts in Вести »