Денес, среда, 20 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува засилен до силен јужен ветер. Температурата во Битола до 17 степени.
Утре, четврток, 21 ноември, во Битола времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд во западните делови, особено претпладне. Ќе дува засилен до силен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 10 степени.