Press "Enter" to skip to content

Адреналинска патека на “Памп трак“ полигонот за велосипеди асфалтирана

Денес завршија активностите за асфалтирање на „Памп трак“ полигонот за велосипедисти во Градскиот парк. Проектот кој е реализиран на површина од 900 м², во период од две недели, ги исполнува сите услови за заштита на животната средина и јавното зеленило, а дополнително околниот дел ќе биде и хортикултурно уреден, согласно временските услови.

Оваа адреналинската патека возачите на велосипеди, скејтборди, ролери и друго, ќе можат да ја користат наскоро по завршувањето на техничкиот прием. Патеката ќе понуди повеќе начини на забавно возење во безбедна и контролината средина.

Со изградбата на оваа патека, за која општината инвестира 5.216.343,00 денари од општинскиот буџет, Битола добива уште една спортско – рекреативна содржина за вљубниците во велосипедизмот, која е надополнување на велосипедските патеки кои се веќе во изградба.

 

More from ВестиMore posts in Вести »