Press "Enter" to skip to content

Иницијативниот одбор за промени во ЛДП во Битола одржа трибина “Каде од ЛДП?“

Денес во Завод и Музј во Битола се одржа трибина во организација на иницијативниот одбор за промени во ЛДП, а Бошко Китановски, член на иницијативниот одбор рече дека  иницијативата за демократизација и промени во Либерално демократската партија е жива и ние бараме ЛДП да се врати на изворните принципи и да се демократизира.

-Бараме отчетност и одговорност на раководството на партијата и посебно од претседателката Моника Зајкова бидејќи несакаме да ја замајува јавноста дека добила потврда за мандатот од Централниот одбор. Во Статутот на ЛДП согласност и доверба за мандатот единствено дава Собранието на ЛДП и затоа порачуваме Зајкова да се одважи, да свика Собрание на ЛДП на кое или ќе и биде потврден мандатот или ќе и биде откажана довербата.-Исто така бараме да престане да тргува со гласот во рамките на македонското Собрание и да ја почитува волјата на гласачите од кои што таа стана пратеник. Воедно бараме да се изврши демократизација во рамки на партијата и да се тргне по патот на самостојно настапување на ЛДП на следните локални избори, изјави Китановски.

-Во изминатиот период се повеќе нашето членство истакнува дека ЛДП наместо политичка партија, почнува да го губи својот идентитет и станува друштво со ограничена одговорност, односно трговец поединец. Ние сакаме да ја запреме таа појава и ЛДП да стане фактор во Битола и во државата. Постапките и потезите што Зајкова ги прави во изминатиот период, се повеќе наликува дека таа кокетира или намигнува на одредени политички субјекти во државата и тоа недава за право дека цврсто стои на одредбите кои што како ЛДП претходно сме ги определиле, рече Китановски.

More from ВестиMore posts in Вести »