Press "Enter" to skip to content

ЛДП со посебна благодарност до дел од основачите во Битола

Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова на дел од основачите на партијата од Битола им додели пригодни поклони, како благодарност за нивниот придонес во формирањето и растот на ЛДП во изминатите 30 години.Дејан Ристевски, поранешен градоначалник и советник од ЛДП и Горан Савевски поранешен советник и кандидат за градоначалник од ЛДП, ги добија заслужените подароци и имаа разговор со престедателката на Зајкова и до Димитар Кузмановски, претседател на битолскиот огранок на ЛДП.Савевски и Ристевски истакнаа дека се почестени од вниманието кое им го направила партијата и дека продолжуваат и понатаму активно да учествуваат и да помагаат во работата на партијата.Зајкова истакна дека ЛДП е благодарна за нивниот придонес и дека од вакви личности и е чест да побара совет и нешто да научи.

More from ВестиMore posts in Вести »