Управата за јавни приходи денеска во Офицерски дом во Битола одржа регионално одбележување на Денот на даночниците со организирање панел дискусија на тема “Повеќе даночни приходи за побогато општество“.
На панел дискусијата присуствуваа претставници на регионалните даночни дирекции од Битола, Прилеп, Охрид, Општината и бизнис заедницата кои имаат клучна улога во функционирање на македонскиот даночен систем.
Говорниците Мариче Секуловска од Прилеп, Ацо Кипаризи од Охрид, Лилјана Андреевска од “Монтинг“ од Битола како претставник на бизнисот и Злате Нуневски од одделението за регистрација на даноците во Битола.
Тие зборуваа за предизвиците со кои се соочува службата – даночна евазаија, потребните реформи кои мора да зпочнат од сеопфатна стратегија за јакнење на даночниот морал.
На присутните им се обрати и директорка на Управата за јавни приходи, м-р Елена Петрова, која рече:
-Пред нас е голем предизвик да дадеме активен придонес во обезбедувањето стабилни финансии и поголем фискален простор за спроведување на на владините политики и мерки за остваруавње на целите на програмата на владата и целите на фискалната стратегија на министерството за финансии, за посилна економија , економски раст и подобар животен стандард на граѓаните. Владата и министерството за финансии очекуваат од УЈП да обезбеди мобилизација, зајакната наплата на даночните приходи со задржување на ниски даночни стапки. Наш предизвик е ова да го постигнеме преку проширување на даночната база, интегрирање на сивата во формалната економиоја, намалување на сите други јазови, загуби на јавните приходи и максимално да ги насочиме средствата кон државниот буџет.
УЈП мора да ги избалансираме активностите за поддршка на доброволната усогласеност со силен капацитет за мониторирање на и справување со се она што води кон даночна евазија, кон неточно, нецелосно и ненавремено пресметување и плаќање на даночните обврски, а тоа ќе значи равноправни услови во кои чесните даночни обврзници нема да плаќаат повеќе затоа што другите не го плаќаат својот данок, рече Петрова, која се осврна и на користењето на модерните технологии , но и за незаменливоста на факторот човек:
-УЈП доцни со години со многу електронски услуги, па затоа меѓу првите наши проектни активности од месец јули, е воведувањето на Е-Уверение за состојба на остварен доход. Но, додека технилогијата може да се купи, човечките ресурси и човечкиот капитал сами ги создаваме. Ова јас често го кажувам, човечкиот капитал е незаменлив ресурс во функционирањето на УЈП. Човечки капитал не се само службениците, туку и компетенциите, знаењето на организациската култура, мотивацијата и задоволството на вработените , но и институционалната меморија. Управувањето со човечките ресурси долгорочно ќе го усогласиме со потребите на организациајата и нејзината дигитална трансформација.
За предизвиците на УЈП, Петрова рече:
-Најголемиот предизвик, сепак, е новото време, дигитализациајта на услугите, што подразбира е-фактура, е-услуги, исполнување на меѓународните стандарди за транспарентност и ефикасност истовремено и меѓународна размена на информации за даночни цели, сајбер безбедност.
Градоначалникот на Битола д-р Тони Коњановски им го честита Денот на даночниците и рече:
-Одговорни сме пред нашата држава, пред нашите локални самоуправи и, зборувајќи во името на локалната самоуправа се трудиме да бидеме ефикасни, ефективни и транспарентни. Локалната самоуправа треба да има сериосен однос кон даноците. Исто така соработката со бизнис секторот треба да се истакне и нашата улога да излеземе во пресрет на сите нивни побарувања.
Битолската регионална дирекција од управата за јавни приходи е најдобрата во тековната година во својата работа. На регионалната дирекција на УЈП во Битола и беше доделена плакета за посветеност во исполнувањето на работните цели и задачи на Управата.
Од името на сите вработени плакетата ја прими и се заблагодари, Наташа Кочишка, заменик управник на регионалната дирекција на УЈП во Битола.
[ngg src=”galleries” ids=”2214″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]






