Press "Enter" to skip to content

Заврши “Политичка академија 2024“ на УМС Битола на ВМРО-ДПМНЕ

На 24 ноември, 2024 година заврши нашата политичка академија во организација на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ при ОК Битола.-Таа започна на 21 октомври, 2024 година и траеше 10 модули. “Политичка академија 2024“ во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ при ОК Битола, академија каде младите се стекнаа со многу нови знаења и вештини за многу различни теми поврзани со политиката, на која присуствуваа голем број на млади. Примарна цел на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од ОК Битола е да се вложува во младите, да се поттикнат во нивното развивање на многу полиња, вели Мартин Ивановски, претседател на УМС Битола.Предавачи на 10-те модули на политичката академија беа: Александар Јаневски, Горан Талевски, Драгана Бојковска, Борис Шамбевски, Сања Божиновска, Илија Димовски, Стефан Андоновски, Соња Карапашовска, Благица Талевска, Ѓоко Велковски, Гордана Цветковска Бошевска, Илија Ристески, Зоран Љутков, Тодор Конески, Бојан Никовски, Олга Лозановска и Силвана Ангелевска.-Во модулите се зборуваше за младинските политики, одржлив развој, младите и дигиталната трансформација, младите и финансиската писменост, развивање на демографските промени, младите и младинските претплиемливост, младите и спортските успеси, меѓународната политика и за локалната самоуправа, извршната и законодавната власт. Сите предавачи на младите им пренесоа дел од политиката за сите млади кои се гледаат како дел од политиката во наредните викенди, вели Ивановски.-Примарна цел е дружењето и поврзувањето на повеќе млади, позитивни, воспитани и пред се добри луѓе, а потоа на ред дојде политиката. Сакам да се заблагодарам на сите млади лица кои се приклучија на оваа политичка академија да се надоградуваат со нови вештини, кои се надевам дека им овозможи личен напредок и развој. Во текот на реализација на оваа академија видовме многу потенцијал од голем број на млади, жар за активизам во иднина. Посакувам оваа политичка академија да изнедри нови кадри во иднина со цел институциите да бидат раководени од квалитетни кадри, вели Мартин Ивановски.На затворањето на политичка академија беа доделивме сертификати за сите оние кои присуствуваа на повеќе од пет модули. 

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »