Press "Enter" to skip to content

Започна асфалтирањето на велосипедските патеки на “Партизанска”

Започна асфалтирањето на првиот дел од велосипедските патеки на улица “Партизанска”, кое ќе продолжи и во следните денови.

Со реализацијата на овој проект Битола ќе добие велосипедски патеки во должина од над 5 километри, со една заокружена велосипедска целина. Реконструкцијата се изведува на веќе постоечките тротоари, во ширина од 3 метри, без да се нарушува зелениот појас на улиците.

Реконструкцијата на постоечките тротоари на дел од ул.„Васко Карангелевски“ и ул. „Партизанска”, ќе се одвива на следните делови:
 
-На ул. ”Васко Карангелевски” од десна страна, од кружниот тек кај „Педагошка” до кружен тек кај „Веро”, на дел од ул. „Партизанска“ од десна страна, од крстосницата со ул.„Тодор Паница“ до крстосницата кај „Градско шеталиште“ и од лева страна од кружен тек кај „Веро“ до крстосницата кај “Градско шеталиште“.
More from ВестиMore posts in Вести »