Press "Enter" to skip to content

Методија Илиевски избран за потпретседател на СДСМ

Новиот состав на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз ја одржа првата седница на којашто беше избрано партиското раководство.

Се избраа потпретседателите на партијата. На состанок на Централниот одбор на СДСМ, Методија Илиевски од Битола е избран за еден од тројцата потпретседател на СДСМ.

Роден на 10.02.1987 година во Битола. Основно образование завршува во Битола, средно и високо образование ги продолжува исто во родното место. Член е на СДСМ од 2005 година и извршувал голем број партиски и општествени функции.

Од 2009 година до 2013 беше претседател на ЛК СДММ во Битола во два мандати. Од 2013 година до 2017 ја извршуваше функцијата потпретседател на СДММ. Од 2013 година до денес е член на Советот во Општина Битола. Во последните два мандати ја носи улогата на координатор на советничката група на СДСМ.

More from ВестиMore posts in Вести »