Press "Enter" to skip to content

Амбасадорката на Германија г-ѓа Петра Дрекслер гостинка во “IUS FORUM“ на Правниот факултет во Битола

Гостинка во IUS FORUM: Теорија и пракса на Правниот факултет (Битола) беше нејзината Екселенција, Амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република С. Македонија, г-ѓа Петра Дрекслер.Студентите имаа единствена можност да дискутираат со нејзината Екселенција за нејзината кариера и работните обврски во Амбасадата, потоа евроинтеграциите на нашата земја, родово-базираното насилство и родовите стереотипи, како и очекувањата од новата американска администрација и конфликтите во Украина и на Блискиот Исток.

More from ВестиMore posts in Вести »