-На свеченоста по повод 46 години од основањето на ЈП “Стрежево“ од Битола зборуваше директорката Вера Бешлиевска и прод. д-р Владимир Мијаковски.
Денес во киното “Манаки“ во Битола на свечен начин беа одбележани 46 години од основањето на јавното претријатие “Стрежево“ од Битола, на кое присуставуваа заменик министерот за земјодели – Фљакрон Беџети, директорот на “Водостопанство“ – Филип Филипов, дитекторот на инспекторатот за земјоделие – Васе Анакиев, пратеничките – Олга Лозановска и Силвана Ангеловска, заменик директорот – Бојан Бојковски, секретарот на Општина Битола -Борче Димировски, советници, поранешни директори на “Стрежево“…
За јавното претријатие зборуваше директорката Вера Бешлиевска која се осврна на организационата поставеност на хидро-системот кој наводнува 22 илјади хектари плодно земјиште, идните планови… и рече:
-На почетокот сакам да потенцирам дека нашата намера е одбележувањето на оваа 46. годишнина на ЈП “Стрежево“ да ја посветиме на она што пред нас стои како врвен приоритет. Тоа е одржливо управување со природните ресурси. “Стрежево“ има комплексен спектар на дејностите, но претворањето на водата во енергија е вистина голем предизвик пред кој сме обврзани. А обврзани сме затоа што високо на светската, а со тоа и на нашата агенда во државава е заштитата на природната средина и обезбедување одржливо управување со сите природни ресурси, без исклучок.
За предизвиците кои се пред “Стрежево“, Бешлиевска рече:
-Ние како Стрежево исправени сме пред два клучни предизвика. Првиот е дека изминатите 46 години укажуваат на неопходната потреба од капитални инвестиции за обновување, рехабилитација на целокупниот хидросистем. Неопходно е соочување со потребата од модернизација и проширување на капацитетите. Вториот предизвик ни го наметнува соочувањето со смена на генерации и неопходно е подмладување, обновување на стручниот кадар. Комплетно кадровско екипирање. Ако тоа се засили со потенцијалот на постојните искусни колеги, би можеле да обезбедиме максимално ефективна и ефикасна организациска функционалност на “Стрежево“. Кај нас во Стрежево, редовното одржување никогаш и не било доведено во прашање, но за модернизација и унапредување и натамошно успешно функционирање потребни се сериозни капитални вложувања. Затоа нашите стратешки заложби се насочени кон капитални инвестициски проекти, кои со помош на Владата, ЕУ донатори, инвестициски фондови. Стратешките проекти сепак, морам да напоменам, повеќекратно ги надминуваат финансиските можности на претпријатието.
За идните планови таа додаде:
-Рехабилитација на постојниот Главен доводен канал – нов цевковод за водоснабдување на РЕК “Битола“ и регионалниот водоснабдителен систем за општините Битола, Могила и Новаци, за кој што имаме веќе изготвен проект. Рехабилитацијата на Главниот доводен канал е тесно поврзана со второ наведениот проект – новиот цевковод, без кој што невозможно е да биде извршена регабилитацијата и тој всушност значи алтернативно водоснабдување. Софтвер и опрема за динамичка регулација на системот SCADA (Supervisory Control and Data Acquisition), заштитен систем од отпадни води на акумулацијата “Стрежево“ и рехабилитација на цевководи од детална цевководна мрежа.
На присутните им се обрати и професорот од Техничкиот факултет д-р Владимир Мијаковски, кој зборуваше за алтеративните извори на ерегрија на кои веќе “Стрежево“ работи, бидејќи има пет мали хидроцентрали и фотоволтаична централа.
На свечената академија беше прикажан и документарен филм на кој зборуваше менаџерскиот тим на претријатието, раководителите на организациони единици, најискусните вработени, но и оние кои имаа најмалку стаж, младите на кои им останува иднината.
Текст и фото: Сашо Ристевски
[ngg src=”galleries” ids=”2217″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






