На 28.11.2024 во 13.40 часот во СВР Битола, вработен во ЈП „Паркинзи“ – општина Битола, пријавил дека на 20.11.2024, додека со негови колеги извршувал службени задачи на паркинг простор на ул. „11 Март” во Битола, возачи на неколку непрописно паркирани возила физички ги нападнале, при што употребиле и метални предмети. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 29.11.2024 година во 20.00 часот во СВР-Битола, пријавена е случена сообраќајна несреќа на крстосница составена од ул. „Партизанска“ и ул. „АСНОМ“ во Битола во која патничко моторно возило марка „цитроен” со битолски регистарски ознаки управуван од 61 годишник од Битола и сопатник на возраст од 56 години од Битола удрил во пешак на возраст од 29 години од Битола кој во несреќата се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.






