Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување за агресивно однесување, друго за тешка кражба, два пожари

На 01.12.2024 во 14.50 часот на ул. „Столарска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 39 годишник од Битола затоа што агресивно се однесувал кон нив додека извршувале службени дејствија. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.12.2024 во 20.30 часот на регионален пат Ресен – Битола – Прилеп, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 53 годишник од Битола затоа што кај него биле пронајдени повеќе предмети кои потекнувале од кривично дело „тешка кражба“ по чл.236 од Кривичниот законик. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.12.2024 во 09.30 часот во СВР Битола било пријавено дека во с. Кравари, битолско настанал пожар во помошна просторија, сопственост на 55 годишно лице од с.Кравари. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 01.12.2024 во 10.50 часот  во СВР Битола било пријавено дека настанал пожар во помошен објект во с. Граиште, демирхисарско, сопственост на 58 лице  од Демир Хисар. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Демир Хисар, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на ОВР Демир Хисар.

More from ВестиMore posts in Вести »