Press "Enter" to skip to content

3. Декември – Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби – посебен датум, посебни домаќини, посебни гости, посебна енергија, посебна љубов (фотогалерија)

Од темелите на основното училиште со ресурсен центар “Кочо Рацин“ во Битола почнуваат првите чекори на посебен начин, со посебна вера и посебна надеж за подобро утре на оние најпосебните, најубавите меѓу убавите, лицата со посебни потреби за кои постои институцијата и целиот нејзин тим денес, утре, секогаш.Бидејќи имаат посебно место на овој свет во нивна чест домаќините од основното училиште со ресурсен центар “Кочо Рацин“ Битола оваа година достојно и како што доликува за толку значаен датум го одбележаа 3. Декември – меѓународниот ден на лицата со посебни потреби.–Како специјален едукатор и рехабилитатор со повеќе годишно искуство, а од скоро и директор на институција која е темел на првото и најважното поглавје од едукацијата и рехабилитацијата на лицата со посебни потреби за мене 3. Декември претставува еден од позначајните денови во годината. Зошто е тоа така? Бидејќи нашата цел, пред се како стручни лица кои се светилник низ патот од животни предизвици кој го минуваат лицата со посебни потреби на овој ден е навистина од клучно значење. Соединети треба силно да блеснеме и да пренесеме порака која ќе допре до сечие срце, а преку неа да се поттикне почитувањето на правата, достоинството и благосостојбата кои ги заслужуваат лицата со посебни потреби, како и да се подигне свеста за придобивките од интегрирањето на лицата со посебни потреби во секој аспект од животот, од економски, политички до социјален и културен. Денешниот хепенинг на пријателството треба да претставува пример и мотивација за сите нас како членови на општеството како треба да се однесуваме и да придонесуваме за нив на секој можен начин и не само на вакви датуми, туку со секое едно изгрејсонце, рече в.д. директорот Драгана Кирковска.Со моќната порака која гласно ја пренесоа преку денешниот хепенинг на пријателтвото домаќините и гостите докажаа пред светот дека сите ние сме различни, а сепак прекрасни, различно посебни, РАЗЛИЧНО ИСТИ како што и гласеше мотото на овогодинешниот хепенинг!Тимот од основното училиште со ресурсен центар, учениците и нивните семејства на хепенингот срдечно од срце им се заблагодарија на претставниците од Лајонс Клуб Кабадаја кои традиционално низ годините се поддржувачи на дефилето “Обои ме во пријател“ на кое секој 3. Декември, на нашиот надалеку опеан Широк Сокак се собираат безброј детски насмеани лица од сите училишта низ градот и со тоа заедно придонесуваат и тоа како овој ден да биде уште попосебен!

Со најпопуларната мелодија периодов на сцената се појавија најголемите ѕвезди меѓу детската популација, овогодинешните претставници на детската Евровизија, Ана и Алексеј со танцувачката група од основното училиште со ресурсен центар “Кочо Рацин“.Хитот “Маратон“ беше преведуван на знаковен јазик од ученички од Основното училиште со ресурсен центар “Кочо Рацин“, а евровизиската магија се ширеше помеѓу сите присутни. После спектакуларниот почеток, забавата за присутните ја продолжија “Тра ла ла“ фраерките Марија Ѓуровска и Мила Калевски. Сите деца на подиум заедно танцуваа и се забавуваа.На хепенингот присутните се засладуваа со слатки закуски автентични за есенскиот период: тикварник, пита од јаболка, сутлијаш со мирис на цимет и какви се не слатки, а здрави задоволства.Понесени од многу забава и добра музика, полни со позитивна енергија присутните се упатија на дефиле на Широк Сокак.

Потоа на платото пред Офицерски дом беа пуштени да летаат кон небото шарени балони од детски раце.

[ngg src=”galleries” ids=”2224″ display=”basic_thumbnail” thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]

More from ВестиMore posts in Вести »