Во рамки на одбележувањето на 8 Декември, Патронатот на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола денес УКЛО традиционално ги промовира своите нови доктори на науки.
На свечениот чин во Ректоратот на Универзитетот промовирани се 10 доктори на науки и тоа: 2 доктора по образовни науки, 2 доктора на науки од областа на безбедноста, двајца од областа на туризмот, еден доктор на технолошкo-технички науки од областа на храна и иновативни технологии, еден по компјутерски науки и инженерство, еден на настава по јазик и еден доктор на биотехнички науки.
На промоцијата, покрај раководството на УКЛО, присуствуваа декани од единиците на кои се одбранети докторските трудови и блиски членови од семејствата на новите докторанди.
Од основањето во 1979 година до денес, на УКЛО, научниот назив доктор на науки го стекнале 468 доктори на науки, од кои: 100 од Економски факултет – Прилеп, 68 од Технички факултет – Битола, 89 од Факултет за туризам и угостителството – Охрид, 79 од Педагошки факултет – Битола, 51 од Факултет за безбедност – Скопје, 31 од Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола, 17 од Научен институт за тутун – Прилеп, 21 од Факултет за биотехнички науки – Битола, 7 од Правен факултет – Битола, 2 од Правен факултет – Кичево и 3 од Технолошко-технички факултет – Велес.
[ngg src=”galleries” ids=”2226″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






