Денес, четврток, 5 декември, во Битола според прогнозите на метеролоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 6 степени.
Утре, петок, 6 декември, во Битола, времето ќе биде променливо облачно, во утринските часови со слаб локален дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 10 степени.






