Денес, петок, 6 декември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 10 степени.
Утре, сабота, 7 декември, во Битола времето ќе биде променливо облачно с0 повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 9 степени.






