Press "Enter" to skip to content

Си беше еднаш во декември… “Девојчето и дванаесетте месеци“ (фотогалерија)

Со оваа приказна во еден посебен месец Центарот за поддршка и помош на деца и лица со попреченост “Сложувалка Срце“ од Битола во НУУБ“ Св. Климент Охридски“ Битола го заокружија проектот “Книгата  – прозорец кон светот“ и докажуваат дека секое дете е херој во својата приказна.Оваа декемвриска, зимска вечер ќе остане запаметена по една необична и несекојдневна приказна каква досега не била раскажана, приказна во која главни ликови беа токму тие најважните на овој свет  – ДЕЦАТА.

Многу емоции на едно место безброј насмевки, неизмерна љубов, среќа, надеж, вера, храброст, восхит, емпатија и по некоја солза радосница… Па, останува да се слуша и прераскажува оваа приказна надалеку!Од здружението “Сложувалка Срце“ велат:-Полека, но сигурно дојдовме до крајот на нашата приказна. Приказна испишана сложно и со срце од тимот на Центарот за помош и поддршка на деца и лица со попреченост “Сложувалка Срце“, здружение кое достојно и со причина си го носи своето име. Низ страниците на нашата приказна со проектот “Книгата – прозорец кон светот“ во волшебните простории на библиотеката “Св. Климент Охридски“ беа испишани 12 доживувања преку дванаесетте настани кои се реализираа во текот на секој месец од изминатата 2024 година.Содржината на нашата приказна беше исполнета со многу згоди, детски палавштини, безброј детски насмевки, огромна љубов кон книгите и сакање, разбирање и поддржување на  убавините на различностите.Најпрво, јавна неизмерна благодарност за континуираната работа во проектот и целокупното вложување на љубов, труд, мотивираност и бесценети идеи на членовите на Здружението Ивана Карајанова, Тесалија Жирова, Наташа Бајовска и Драгана Кирковска  без кои “Сложувалка Срце“ не било тоа што е.Благодарност на Министерството за култура, Општина Битола и нашиот соработник Гордана Ѓоргиевска – Неделковски од НУУБ ,, Св. Климент Охридски” кои ја препознаа големината и убавината на овој проект и максимално не поддржаа во реализацијата на истиот.Едно огромно благодарам на едни родители кои се најголеми борци и победници во приказната за искажаната доверба и јавно признание за сѐ она кое секојдневно го прават за  благосостојбата на своите чеда.Благодарност за соработниците во проектот Жанета Ристевска, Јасмина Јошевска, Билјана Печипајковска, Марија Јосифовска, Домот за доенчиња, ЗУР – Македонски ракотворби кои со несебичната поддршка ги збогатија настаните во проектот. Им благодариме од срце и на сите наши поддржувачи.

И за крај, оваа приказна немаше да биде магична и волшебна без нив ДЕЦАТА – хероите кои се доказ дека во бајките и приказните и невозможното станува возможно. Благодариме за придонесот низ сите 12 настани од проектот “Книгата – прозорец кон светот“. 

Да испишуваме уште многу вакви успешни животни приказни! Тука не е крајот…

[ngg src=”galleries” ids=”2234″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]

More from ВестиMore posts in Вести »