На 08.12.2024 во 22.30 часот на ул. “Васко Карангелевски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 20 годишник од Битола затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
На 08.12.2024 во 17.54 часот во СВР Битола било пријавено дека во село Крклино, битолско, настанал пожар во помошен објект на приватна фирма. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Увид бил извршен.






