Денес, сабота, 14 декември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура во Битола до 8 степени.
Утре, недела, 15 декември, во Битола времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура во Битола до 6 степени.