По повод 16 декември Денот на адвокатите на Битола се одржаа два настани со кои се одбележа овој значаен ден за битолските адвокати.Во саботата во ресторанот “Аурум Партизанска“ се одржа прослава на која присуствуаа поголем број на адвокати, меѓу кои традицонално и гости на збратимената адвокатска комора од Кргуевац, Србија во состав Звонко Марковиќ, претседател адв. Борис Рибаровски, адв. Милован Мики Стојановиќ и адвокат Милан Миловановиќ.Традиционално, како и про секое одбележување на овој датум, посебно беа поздравени адвокатите со ретки јубилеи, овој пат 30 години работа како адвокати, а тоа беа адвокатите Александар Танчевски, Васко Талевски, Владимир Петличковски, Ивица Кушевски, Мимоза Дојчиновска, Елизабета Неделковска и Славчо Талевски.
На прославата на адвокатот Драган Петровски му беше подарена уметничка слика од сликарот Драган Најденовски по повод одбележувањето на јубулејот 40 години непрекината адвокатска работа. По тој повод Петровски изјави:-Сакам да му се заблагодарам на раководството на нашата заедница за ова внимание, како и на сте вас колеги. Сум започнал пред 40 години, период во кој имало и убави и лоши моменти, но еве сум останал активен и одбележувам еден ваков редок јубилеј. Ви посакувам и на сите добро здравје и успех во адвокатурата.По повод денот на адвокатурата, гостите од Србија на колегите од Битола му подарија ремек дело – рачно израбоена икона, која на претседателот на Иван Рутевски му ја врачи претседателот на Адвокатската комора на Крагуевац кој кажа:-Нам ни е многу драго да сме во Ваше друштво и посакуваме оваа наша соработка да продолжи и понатаму, а Битола, да издејствија да има своја комора со организација, бидејќи времето покажа дека Вие сте способни да раководите со една катва форма на организирање.Во своето емотивно обраќање адв. Мики Стојановиќ се заблагодари за честа и еден примерок од својата книга “Патување низ животот со адвокатурата“ подари на адв.Петар Ѓоргиев Калица, потенцијрајќи дека во неа почетниот дел е посветен на Битола, која за него секогаш се наоѓа во срцето и во која се сретнал со едни од најзначајните адвокати кои воопшто имал прилика да ги запознае во текот на животот.Активностите за одбележување продолжија и денес во Основниот суд Битола, каде во 12 часот беше одржана свечена седница, а во соработка со Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ се одржа симулирано судење.
На судњето во кое учествуваа студенитите од клиничката програма под менторство на проф. д-р Анѓелина Стојаноска, проф. д-р Ице Илијевски и адв. Никола Главинче, кои учестуваа во натпреварот организиран од ИДЛО и покажаа забележителни резултати.