Во рамки на проектот “Не за малолетнички бракови“ кој го реализира “Сумнал“ од Битола се одржа едукативното предавање со доктор Ели Димовска од ПЗУ “Д-р Ели“, која на присутните им понуди драгоцени информации и насоки за важноста на здравјето на малолетните лица при склучување на малолетнички бракови.
Докторката Димовска нагласи дека ранoто влегување во брачни односи носи сериозни здравствени, емоционални и психолошки ризици, како за девојчињата, така и за момчињата, и упати порака:
-Едукацијата е клучна за спречување на малолетничките бракови. Мораме да им овозможиме на младите пристап до информации за репродуктивното здравје и да ги охрабриме да ги искористат можностите за образование и личен развој. Секое дете има право на детство, здрав живот и иднина исполнета со потенцијали.