Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: сточар повреден од животно во говедарска фарма

На 17.12.2024 во СВР Битола било пријавено дека во Клиничка болница Битола на преглед се јавил К.К. (60) од село Велушина, битолско, кај кого биле констатирани тешки телесни повреди.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите на работното место во говедарска фарма во село Породин, каде што бил удрен од едно животно.

За настанот бил известен трудов инспектор, а увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »